домаСветВашингтон соопшти дека договорот со Иран е веќе електронски потпишан

Вашингтон соопшти дека договорот со Иран е веќе електронски потпишан

- Advertisement -spot_img

Вашингтон соопшти дека договорот со Иран е веќе електронски потпишан и дека неговата содржина би можела да биде објавена и пред потпишувањето в петок.

Американскиот претседател Доналд Трамп е дециден, Иран нема да развие нуклеарно оружје. Спроведувањето на договорот ќе се базира на верификација, а евентуалното укинување на санкциите ќе зависи од однесувањето на Техеран. Трамп изјави дека верува дека е постигнат „фер договор“ со Иран за прекин на конфликтот и дека тврдењата дека договорот предвидува дека САД мора да инвестираат пари во Иран се „смешни“. 

Доналд Трамп – претседател на САД

„Сметаме дека е фер договор, добар договор. Не вложуваме никакви пари, не сме обврзани да вложиме никакви пари во Иран. Имаме право да го сториме тоа ако сакаме, но не вложуваме никакви пари во тоа“. 

Израел останува на ставот дека Иран нема да има нуклеарно оружје со или без договор, додека Техеран предупредува дека САД ќе сносат одговорност за евентуални прекршувања од сојузници во регионот. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека нова рунда разговори со САД ќе почне на денот на потпишувањето на договорот, истакнувајќи дека процесот на преговори е поделен на две фази. 

Абас Арагчи – министер за надворешни работи на Иран

„Како што знаете, поради тешкотиите што се појавија при постигнувањето договор меѓу нас и САД поради агресијата на американските криминалци и ционистичкиот режим против Иран, конечно одлучивме да ги поделиме преговорите на две фази“.

Укинувањето на поморската блокада веќе почна, а три танкери за нафта и два брода кои превезуваат иранска стока поминаа низ блокадата. Соединетите Американски Држави и Иран прогласија моментален и траен прекин на воените операции на сите фронтови. Церемонија на потпишување на меморандумот за разбирање е најавена за в петок во Женева. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img