Приведен е потпалувачот на двете дипломатски возила пред амбасадата на Бугарија во Скопје. Информацијата ја објави ТВ 24, од таму цитираат свои извори од МВР.
Осомничениот се наоаѓа во полициска станица и кај него се пронајдени и дополнителни докази за делото. Според информациите на ТВ 24 ќе се оди по итна постапка. Се работи за македонски државјанин.








