домаМакедонијаПризнание за Никола Ѓурѓај за неговиот придонес и ангажман во поддршката на...

Признание за Никола Ѓурѓај за неговиот придонес и ангажман во поддршката на граѓанското општество

- Advertisement -spot_img

Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, на престедателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му додели признание за придонес во Националниот совет за граѓанско општество.

Би сакал да изразам благодарност за благодарницата од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, што сметам дека е резултат на мојата ангажираност, изјави Ѓурѓај.

Македонците во Република Албанија од 2021 година за првпат имаа претставник во Националниот совет за граѓанско општество, институција формирана од Владата во 2015 година.

Како член на Националниот совет за граѓанско општество во Тирана, од јуни 2021 до јануари 2026 година, ми беше чест, но и одговорност да бидам единствен претставник на малцинствата во оваа институција. За мене беше голема обврска да го претставувам со достоинство, одговорност и посветеност гласот и интересите на малцинствата, вели Ѓурѓај.

Оваа признание, нагласува,  ме охрабрува да продолжам со посветеност во служба на правата на малцинствата, со убедување дека инклузијата, дијалогот и соработката се клучни за градење пофер, подемократско и поинклузивно општество

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img