домаТехнологијаЛасерски AI систем ги уништува комарците во домот

Ласерски AI систем ги уништува комарците во домот

- Advertisement -spot_img

Новиот ласерски AI систем е подобар и работи автоматски, со што поефикасно уништува комарците.

Стручњакот за компјутерски вид и роботика, Стивен Ченг, конструирал ласерски AI систем кој користи deep learning за неутрализирање на комарци. Ченг овој проект го опишал како крајниот уништувач на комарци, претворајќи ја вообичаената домашна непријатност во сериозен инженерски предизвик.

Основата на системот е визуелен модел кој Ченг го тренирал користејќи сопствена база на податоци. За фотографирање на инсекти користел DSLR камера со објектив со големо зголемување. Истиот тој камерен систем подоцна служи и како главен сензор за детекција на комарци во просторот.

Ченг напоменал дека процесот на собирање на овие податоци го чинел безброј убоди по целото тело, што е потсетник дека дури и високотехнолошки проекти понекогаш бараат директен контакт со реалниот свет. Собраните фотографии потоа рачно биле означени и искористени за обука на модел кој препознава комарци во лет. Како што наведува, процесот на обработка на податоците сериозно му ја оптоварил графичката картичка. Сепак, прецизноста на препознавање на крајот била на високо ниво.

Автоматско нишанење и безбедносен систем

Откако успешно го решил проблемот на детекција, инженерот интегрирал ласер кој е калибриран за во секунда да го „испече“ комарецот. Ласерот е поставен на индустриска ротациона платформа со висока прецизност, што му овозможува брзо и точно движење следејќи ја целта што му ја задава системот за компјутерски вид.

Системот функционира во таканаречена затворена јамка. Камерата го идентификува инсектот, AI потврдува дека станува збор за комарец, а хардверот во реално време се прилагодува, цели и го активира ласерот. За разлика од класичните електрични замки кои користат пасивно привлекување на инсектите со светлина, овој систем активно следи и напаѓа поединечни цели.

Со цел да спречи несакани инциденти, Ченг вградил и втора, широкoаголна камера. Нејзината единствена задача е да детектира присуство на луѓе или запаливи материјали во околината. Доколку системот забележи дека човек или чувствителен предмет се наоѓа во линијата на „оган“ или блиску до целта, ласерот веднаш се деактивира.

Резултати и иднина на „направи сам“ роботиката

По склопувањето и тестирањето, Ченг го пуштил ласерскиот AI систем да работи во својот дом. Според неговите зборови, по само една ноќ работа, сите комарци во куќата биле успешно елиминирани.

Иако овој проект е експериментален, на одличен начин демонстрира како модерните ентузијасти можат да комбинираат комерцијално достапен хардвер со напредни роботички техники. Стандардни камери, графички картички и пристапни моторизирани компоненти денес им овозможуваат на поединци да создаваат комплексни системи во домашни услови кои работат во реално време. Овој ласерски AI систем уништува комарци, а некој нов би можел да биде уште покорисен.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img