домаСветЕУ ги забранува малите кесички со кечап и мајонез во рестораните

ЕУ ги забранува малите кесички со кечап и мајонез во рестораните

- Advertisement -spot_img

Рестораните низ Европската Унија од 12 август повеќе нема да смеат да им служат на гостите еднократни кесички со сосови како кечап, мајонез или соја сос, доколку храната се консумира во самиот објект.

Новите правила се дел од европската регулатива за амбалажа и амбалажен отпад, чија цел е да се намали количината на пластичен и непотребен отпад.

Наместо поединечни пакувања, рестораните ќе треба да користат дозери за повеќекратна употреба, шишиња за маса или други решенија што не создаваат дополнителен отпад.

Европската комисија посочува дека амбалажата учествува со околу 40 проценти во вкупната потрошувачка на пластика во Европската Унија. Во 2022 година, просечен жител на ЕУ произвел 186,5 килограми амбалажен отпад.

Целта на Брисел е до 2040 година количината на амбалажен отпад по жител да се намали за 15 проценти.

Новите правила ќе се однесуваат на повеќе видови еднократна пластична амбалажа, меѓу кои и малите пакувања со сосови што најчесто се користат во ресторани, кафетерии и синџири за брза храна.

Сепак, забраната нема да важи за храна за носење, достава и производи што се продаваат во продавници. Тоа значи дека еднократните кесички со сосови и понатаму ќе можат да се користат при достава или да се продаваат во супермаркети. Од новите правила се изземени и здравствените установи.

Оваа мерка е само дел од поширокиот европски план за намалување на амбалажниот отпад. Од 2030 година се очекува постепено укинување и на други еднократни пакувања, како малите шишиња шампон и сапун што често се користат во хотелите.

Европската комисија најавува дека ефектите од новите мерки ќе бидат проценети во 2032 година. Од Брисел велат дека досегашните мерки веќе дале резултати, посочувајќи дека количината на пластичен отпад на европските плажи е намалена за околу 30 проценти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img