Пелистер после одигрувањето на последниот натпревар од оваа сезона на домашен терен, на специјална и свечена церемонија им се заблагодари на ракометарите кои си заминуваат.
„Спортските разделби се емотивни, посебно кога се последица на нови проекти, нови почетоци, нови предизвици. Но, кога веќе мора и треба да се случат – ќе ги паметиме многубројните добри спомени, освоени трофеи, постигнати голови, склучени пријателства.
Илија Абутовиќ – две титули првак на Македонија и еден Суперкуп на Македонија
Усама Хосни – две титули првак на Македонија и еден Суперкуп на Македонија
Богдан Радивојевиќ – две титули првак на Македонија и еден Суперкуп на Македонија
Домен Тајник – две титули првак на Македонија и еден Суперкуп на Македонија
Битола и РК Еурофарм Пелистер ви е благодарен од срце и наклон до под!
Нашиот дом секогаш ќе биде и ваш дом“, се вели во известувањето на Пелистер.








