Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на вториот Гренд слем турнир – Ролан Гарос откако во првото коло од квалификациите загуби од 17. носителка Сузан Ламенс од Холандија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2). Мечот траеше 69 минути и беше прекинат во првиот сет при 2:2 во гемови поради дожд.
Во продолжението од мечот Ѓорческа дојде до предност од 4:3, но ривалката успеа да освои три гема во серија и го доби првиот сет со 6:4.
Во вториот сет резултатот во гемови повторно беше нерешен до средината на сетот 3:3, но противничката од Холандија со нова серија од три гема го доби сетот со 6:3, а со тоа и мечот со 2-0 во сетови.
Ѓорческа имаше проблеми со сервисот во текот на мечот и направи 16 двојни сервис грешки и имаше 41 неизнудена грешка.
Македонската тенисерка следната недела ја очекува настап на ИТФ турнир во Куршумлијска Бања во Србија.








