домаМакедонијаЃорѓиевски: До крајот на годината ќе бидат завршени булеварот „Борис Трајковски“ и...

Ѓорѓиевски: До крајот на годината ќе бидат завршени булеварот „Борис Трајковски“ и „Момин поток“

- Advertisement -spot_img

До крајот на годината завршени ќе бидат булеварот „Борис Трајковски“ и „Момин поток“, ова го најави во своето гостување во поткастот „Наткаст“ на Курир градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

– Булеварот „Борис Трајковски“ има темпо и динамика, граѓаните многу добро тоа го знаат. Многу е важно да се напомене, насекаде тоа го споменувам, тоа е Булевар кој поврзува повеќе од 100 илјади граѓани. Јас имам 38 годимни, од мои 8 години сум слушал за тој булевар дека ќе се направи и сето тоа било ветувано во минатото кое што имало слаба завршница во процесите и мислам дека предолго живееја граѓаните во една таква фаза во која што дури почнуваа да веруваат во она што ќе го кажете, рече Ѓорѓиевски, пренесува skopjeinfo.mk.

Дадов се од себе за да ја реализираме таа траса, вели Ѓорѓиевски.

-Кога станав градоначалник на градот Скопје, земајќи во предвид дека јас до 22 години сум живеел во Драчево, па се преселив во Расадник, а моите родители се уште живеат во Драчево, имаше доза на неверување како ќе движат процесите иако добро ме познаваат сите од тој регион, и жителите на Драчево, Студеничани, Батинци, Зелениково и на Долно Лисиче кои што се над 100 илјади граѓани. Дадов се од себе, многу е важно во процесите домаќински да се разберете со другата страна од која што зависи процесот. Морам да истакнам и да се заблагодарам, јас во секоја прилика тоа го користам на сите сопственици на правните субјекти на тој дел, а се повеќе од 45 кои што дадоа согласност за да можеме да ја реализираме трасата, без нивната можност сето тоа можеше да се претвори во голгота, неколку годишна или повеќедецениска како што траеше до сега, изјави Ѓорѓиевски и продолжи:

-Сметам дека сме добри преговарачи, како тим во градот Скопје, особено сум посветен на тие прашања и до нова година имаме рок конечно таа голгота да ја завршиме. Важно е што динамиката е послина од било кога во минатото, кога на било кој проект се работело. Се работи, буквално и преку ден, но се работи и навечер. Во моментот се останати уште две огради кои што треба да се дислоцираат за да се овозможи целосен пристап и да почне градбата на Булеварот и до Нова година мислам дека и таму ќе сечеме лента, додаде градона.

Ѓорѓиевски најави и завршување и на проектот „Момин поток“ кој што се слечел со години и најави сечење на лента до Нова година.

-Слична тежина имавме и во Момин поток, нерешени имотно правни односи, незапочнати експропепријации, луѓе кои што живееја во неизвесност, таму каде што некој почнал одредена градба без да знаат каква ќе биде постапката понатаму. И таму ги завршивме целосно имотно правните односи и со силна динамика градиме напред. Еден мост веќе е изграден на трасата на Момин поток, сега веќе се прават подготовки за уште еден мост, железниот мост од горната страна кој што треба да биде бетониран, а води према кружниот тек, и тој е поставен. Откакко ќе ја завршиме левата траса кога двиѓите према индустриската зона, од левата страна во наредниот период ќе се овозможи пристап, ќе се асвалтира, па ќе го рушиме последниот мост, стариот мост што е над Серава и таму ќе градиме нов, поголем мост и ќе ја довршиме таа траса, што значи и таму до крајот на оваа календарска година планираме да сечеме лента, и тоа е околу генерално проектите кои што беа поивеќедецениски ветувања, беа поивеќедецениски лажни ветувања према граѓаните, за жал немаше никаква реализавија или пак имаше некаде некоја динамика која што не содвестуваше со барањата на граѓаните но и со решавањето на проблемите на граѓаните, појасни Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img