домаМакедонијаЕкспретседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски, отвори консултантска фирма

Експретседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски, отвори консултантска фирма

- Advertisement -spot_img

Поранешниот претседател на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски влегува во приватниот сектор.

На 6 јуни почна со работа Друштвото со ограничена одговорност со едноличен капитал Соне Енерџи 2025 ДООЕЛ Скопје која е регистрирана на адреса во скопската населба Карпош. Дејност на компанијата ќе биде „ советување во врска со работењето и останато управување“. Актуелен директор на компанијата е Марко Бислимоски кој по професија е дипломиран електро-инженер.

Бислимоски во февруари го информираше претседателот на Собранието дека се повлекува од фунцијата, но одлуката не ја коментираше ниту тој ниту неговите соработници. Неговиот мандат требаше да заврши во 2028 година, а беше наследен од Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Три недели претходно Управата за финансиска полиција (УФП) му поднесе кривична пријава на Бислимоски во која се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.

Во пријавата се наведува дека Бислимоски, наводно, не постапил според Законот за енергетика и не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје, иако не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива. Лиценцата наводно требало да биде одземена во јануари 2024 година, но постапката била прекината со незаконско решение и лиценцата е одземена дури во април 2025 година.

Тоа и овозможило на компанијата да работи уште околу 15 месеци и за тој период остварила промет од над 3,15 милиони евра и противправна имотна корист од околу 229 илјади евра.

Бислимоски на прес-конференција рече дека ќе им ги стави на располагање сите информации на надлежните институции, со цел да докаже дека во постапката за одземање на лиценцата на компанијата не било направено никакво прекршување на законската регулатива.

„Во наредниот период ќе го следам целиот процес и нема да дозволам на ниту еден начин да биде нарушено моето име. Сè што стои на располагање ќе им биде доставено на институциите. Цврсто сум убеден дека ќе докажеме дека немало прекршување ниту на Законот за енергетика, ниту на Правилникот за лиценцирање“, изјави Бислимоски.

Во неговиот мандат Регулаторната комисија за енергетика повеќе пати беше оценувана како најдобар регулатор од Секретаријатот на енергетска заедница и добиваше пофалби за спроведените реформи, но на домашна сцена беше цел на жестоки критики од опозицијата поради поскапувањето на електричната енергија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img