домаСветШефот на IATA: Авиопревозниците не можат да ги подмируваат трошоците за гориво

Шефот на IATA: Авиопревозниците не можат да ги подмируваат трошоците за гориво

- Advertisement -spot_img

Цените на авионските билети во Европа ќе се зголемат поради поскапувањето на горивото, предупреди генералниот директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт, Вили Волш. Во интервју за BBC, Волш истакна дека авиокомпаниите не можат долгорочно да ги покриваат зголемените трошоци за гориво, иако некои европски превозници во последно време ги намалиле цените поради намалена побарувачка.

Тој исто така упати предупредување за можни ризици во снабдувањето пред почетокот на летната сезона, нагласувајќи дека британскиот авионски сообраќај може да се соочи со притисоци врз резервите на гориво во најголемата сезона. Но, додаде и дека „нема потреба за паника“.

Според Волш, дури и ако Ормускиот теснец биде брзо отворен, нафтениот пазар и оштетувањата на рафинериите на Блискиот Исток би можеле подолго време да влијаат на цените на горивото. „Авиокомпаниите едноставно не можат да ги покријат дополнителните трошоци“, рече Волш, нагласувајќи дека евентуалните попусти би биле краткорочни и дека теретот на крајот ќе падне на патниците. Тој предвидува дека овој проблем би можел да трае со месеци, па дури и во текот на следната година.

Од Европската Унија соопштија дека не гледаат регулаторни пречки за користење на американско авионско гориво, под услов увозот да биде внимателно контролиран. Европскиот комесар за енергетика, Дан Јоргенсен, потврди дека не очекува краткорочен недостиг на гориво, иако долгорочните ризици остануваат.

Слични предвидувања доаѓаат и од туристичкиот сектор. Директорот на TUI, Себастијан Ебел, изјави дека не очекува сериозни потешкотии во следните месеци. Британската влада, пак, информираше дека ја следи ситуацијата и соработува со авиокомпаниите за да се избегнат проблеми и да се овозможи непречено планирање на летовите во летната сезона.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img