домаМакедонијаНиколоски: Болницата „8-ми Септември“ доби нов лик: Завршен еден од најголемите здравствени...

Николоски: Болницата „8-ми Септември“ доби нов лик: Завршен еден од најголемите здравствени проекти во државата

- Advertisement -spot_img

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и ТАВ.

Според Николоски, со реконструкцијата болницата ќе стане една од најмодерните здравствени установи во државата и ќе обезбедува подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал.

„Навистина е посебно чувство кога се завршува еден голем проект што има огромно значење не само за градот Скопје, туку и за целата држава каде што секојдневно доаѓаат пациенти од цела Македонија, барајќи врвна здравствена услуга“, истакна Николоски.

Тој изрази надеж дека во обновената болница ќе се реализираат успешни оперативни зафати и ќе се лекуваат голем број пациенти.

„Се надевам дека од тука ќе излегуваат добри приказни, успешни оперативни зафати, излекувани пациенти и луѓето ќе си заминуваат со насмевки“, порача Николоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img