домаМакедонијаСавески вели дека не било побарано мислење за затворање на истрагата

Савески вели дека не било побарано мислење за затворање на истрагата

- Advertisement -spot_img

Државниот обвинител Ненад Савески за Фокус потврди дека од Републичкото јавно обвинителство не било побарано мислење пред да биде затворена истрагата за спорните набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, во која беа опфатени Ратко Капушевски, Асмир Јахоски, Васко Ковачевски и уште 11 лица.

Обвинителката од ОЈОГОКК, Катерина Коларевиќ, која ја водеше истрагата, на денешниот брифинг со новинарите изјави дека лично ја донела одлуката за затворање на предметот поради недостиг на докази.

– Предметот го затворив јас како надлежен обвинител на истрагата. Лично сметав дека нема доволно докази и решив да ја затворам истрагата, а немав ни потреба од реферирање на колегиумот – изјави Коларевиќ.

Таа појасни дека државниот обвинител Савески бил дополнително информиран за одлуката, но само телефонски.

– Телефонски го известив вчера државниот обвинител за одлуката дека истрагата е затворена. При истраги и при потреба може да се реферира на колегиум на ОЈОГОКК или на колегиум на Државното обвинителство. Немаше колегиум за истрагата ниту во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција – рече обвинителката.

Од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска официјално соопштија дека истрагата се затвора поради недостиг на докази.

Случајот беше отворен по иницијатива на Државна комисија за спречување на корупцијата, а на 10 март минатата година Министерство за внатрешни работи поднесе кривична пријава. Во неа беше наведено дека со спорните набавки на мазут била фаворизирана компанијата РКМ, при што врз државниот буџет била предизвикана штета од над 167 милиони евра.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img