домаШоубизТапаните силно им чукаат на браќата Нуне – Ѕвездена промоција на две...

Тапаните силно им чукаат на браќата Нуне – Ѕвездена промоција на две нови песни и на два нови спота

- Advertisement -spot_img

Новите песни „Љубов, што е љубов“ и „Тапаните силно ми чукаат“ се доказ дека Филип и Раде подеднакво добро пливаат и во фолк и во забавната поп-музика. Ова е почеток на сето она убаво што ќе се случува понатаму во нивната кариера, со почетокот на ова долго, топло лето

 (Дуле Миќиќ)

 Браќата Филип и Раде Нуневски, попознати на сцената како „Бендот на браќа Нуне“, а ако е за споредба, како некогаш браќата Бајиќ, завчера во Скопје направија гламурозна промоција (во „Си кафе“) на своите најнови музички остварувања. И тоа две песни и два спота. Како најава за албумите што наскоро ќе стигнат. Едниот е со фолк-музика, а другиот со забавна поп-музика. Фолк-албумот е насловен „Љубов“, додека поп-албумот се вика „Верувај ми“. По многу препеани песни во кариерата, сега е вистинскиот момент да создадат свои авторски песни. Токму затоа песните „Љубов, што е љубов“ и „Тапаните силно ми чукаат“ се доказ дека подеднакво добро пливаат и во двата музички стила и дека ова е почеток на сето она убаво и големо што ќе се случува понатаму.

Со самото тоа, веќе нема дилема дека се навистина вредни. За пример на другите. На албумите ќе се „сместат“ 16 песни, а за деталите околу сето тоа зборуваа јунаците на оваа убава музичка приказна, на овој прекрасен настан на кој дојдоа нивните колеги и естрадните новинари. – Ние постојано сме со музиката, ден и ноќ. Прекуден слушаме, снимаме, ги следиме музичките збиднувања, коментираме, разменуваме впечатоци. Ноќе имаме живи свирки или сме на некој однапред договорен настап. Ние сме буквално цело време со музиката. Нашата цел е да направиме нови песни со кои ќе ја оживееме македонската музика. Повод е нашето осумгодишно постоење, постоењето на „Бендот на браќа Нуне“ и затоа сакаме на сите да им подариме осум народни и осум забавни песни – вели Раде.

Филип го потврди истото и додаде дека не постојат граници за нивната музика, па често настапуваат во Србија, Босна, Словенија, Хрватска, Италија, како и подалеку, во македонската дијаспора. – Со нас имаме и два прекрасни вокали – Мими и Дац, имаме И прекрасни инструменталисти – Слободан Геровски и Роберт Јосимовски. Навистина добро се снаоѓаме и во народната и во забавната музика – ни потврди Филип.

Сите теми на албумот се љубовни, посветени се на вредностите на традицијата што опстојува меѓу мажот и жената, брачната заедница, исполнета со детска смеа. Така што секоја песна е полна со љубовни емоции. Музиката и текстот за песната „Љубов, што е љубов“ се на Филип, додека аранжманот е на Роберт Билбилов, а видеото на Никола Наумовски. Продуцент на фолк-песната „Тапаните силно ми чукаат“ е Мите Димовски, видеото е на Гордан, а музиката и текстот на Филип. – Ова е само почеток, веќе од утре ќе имаме полни раце работа. Ќе ги подготвиме и другите спотови. На секои две недели ќе има нова песна со спот, и сето тоа така до крајот на летото. Затоа што сакаме постојано да има нешто ново од нас, од браќата Нуне, а љубовта кон песната е наша ѕвезда водилка. Ете така, убаво, им објасни Раде на сите. И личи да биде така, секако поради тие убави песни, идни македонски хитови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img