Повеќе лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на магистрален пат во Нови Пазар, во која учествувале автобус и два патнички автомобили.
Три лица биле пренесени во Општата болница во Нови Пазар, додека едно лице самостојно се јавило на хируршкото одделение, пренесува РТС.
Според досегашните информации, едно лице се здобило со потешки телесни повреди, додека кај уште три лица биле констатирани полесни повреди.
Степенот на повредите сè уште не е официјално потврден.








