Во ЕУ има место за сите земји од Западен Балкан – проширувањето е приоритет. Ваква порака испрати еврокомесарката за проширување Марта Кос, денеска од Брисел, на Советот за надворешни работи на ЕУ. Порача – ако кандидатките ги исполнат условите и Европската унија ќе треба да го испорача ветеното.
Марта Кос најави и дека во следните денови ќе бидат доделелни 200 милиони евра на земјите кои испорачале имплементација од Планот за раст.
– Има место за сите држави од Западниот Балкан во Европската Унија. Прширувањето е приоритет на ЕУ и ако нашите кандидати испорачаат, тогаш мора да испорачаме и ние. Спроведувањео на Планот за раст се одвива добро и во наредниот период ќе ќе распределиме речиси 200 милиони за Црна Гора и Алабанија, изјави еврокомесарката Кос.
Се уште се користи методологијата стара 40 години, а ЕУ не живее во време на мир – немаме време, одговори Mарта Кос, за идејата за постепена интеграција на кандидатките во ЕУ, без право на глас.
– Се уште ја користиме методологијата во процесот на проширување, која е стара 40 години, што значи дека живееме во поинакви времиња. Немаме време. Затоа, она што сега го разговараме со земјите-членки е дали постојат можности да ги преместиме принципите на постепена интеграција главно од заедничкиот пазар, каде што ги користиме сега и во другите области, особено безбедноста. Така што, сега сме во длабока дискусија со земјите -членки и оптимист сум за развојот на настаните, изјави Кос.
Со Западен Балкан се разговара– што ЕУ може да направи за регионот, но за возврат мора да има реформи, порача шефицата на европската дипломатија Каја Калас.
Ова е одлична можност да разговараме што уште можеме да направиме. Тие се заинтересирани за нашата соработка во однос на спротивставувањето на хибридните закани со кои и тие се соочуваат. За возврат, секако очекуваме реформи од нив, порача Каја Калас- високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.
Земјите-членки мора да отстапат од билатерализација на пристапните критериуми на ЕУ, порача МНР Муцунски.
– Ние сме 100 проценти усогласени со ЗНБП на ЕУ, што значи и во конкретните реформи, но и во стратешката преспектива, имаме многу јасен пат кон членството. Нашето барање до земјите членки е повеќеслојно. Мора да отстапиме од билатерализацијата на пристапните критериуми, но мора да се ангажираме и околу другите клучни прашања кои не се директно поврзани со самото проширување, изјави министерот Тимчо Муцунски.
На масата во Брисел денеска се разговара и за подготовките за самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи на 5ти јуни во Тиват, Црна Гора. Покрај проширувањето, во фокусот на самитот во јуни, се очекува да бидат и отпорот на надворешни влијанија, како и предизвиците со кои се соочува регионот.








