Џенифер Лопез вчера се појави на настанот „The Roast of Kevin Hart“ во рамките на Netflix Is A Joke Festival во Инглвуд, Калифорнија.

56-годишната пејачка и актерка заведуваше во црвен фустан со длабоко деколте и ги привлече сите погледи на црвениот тепих. Стајлингот го комплетираше со црвена Шанел чанта и високи потпетици.













