домаМакедонијаЌе поскапат ли лековите поради новите правила на ЕУ?

Ќе поскапат ли лековите поради новите правила на ЕУ?

- Advertisement -spot_img

Новата директива на Европската Унија за третман на комунални отпадни води би можела да доведе до повисоки цени на лековите, особено на генеричките, предупредуваат фармацевтските компании и експертите од индустријата. Според новите правила, фармацевтската и козметичка индустрија треба да сносат најмалку 80 проценти од трошоците за дополнителен, напреден третман на отпадни води што ги отстранува микрозагадувачите, вклучително и остатоците од лекови. Претставниците на индустријата тврдат дека производителите на генерички лекови би можеле да бидат најпогодени, бидејќи работат со ниски маржи и строго контролирани цени. Меѓутоа, од Здравство негираат дека постојат ризици од соочување со значителен недостиг на хронични терапии и демантираат фрапантно зголемување на цените на лековите.

Согласно националната ценовна политика, посочуваме дека цените на лековите што се издаваат на рецепт се регулирани и референтно утврдени, па простор за драматично зголемување на цените не постои. Секое зголемување на формираната цена на секој еден лек на рецепт треба да биде одобрена од државата. Воедно, нагласуваме дека не постојат ризици од соочување со значителен недостиг на хронични терапии.

Сепак, индустријата предупредува дека дополнителните трошоци би можеле да доведат до повисоки цени на лековите, повлекување на одредени терапии од пазарот и зголемен ризик од недостиг. Европската асоцијација на производители на генерички лекови го наведува примерот на лек за дијабетес, чија цена би можела да се зголеми и неколку пати во одредени случаи. Од друга страна, пак особено предупредуваат за антибиотиците што завршуваат во реките и подземните води, бидејќи, како што тврдат, постојните системи не ги отстрануваат доволно ефикасно.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img