домаМакедонијаБожиновска испрати јасна порака: Енергетската сигурност се гради заедно

Божиновска испрати јасна порака: Енергетската сигурност се гради заедно

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека енергетиката денес бара силни, функционални и одржливи партнерства што носат конкретни резултати, нагласувајќи дека регионалниот дијалог е неопходен за иднината на енергетскиот развој.

За време на средбите во Белград, Божиновска истакна дека Македонија сè појасно ја зацврстува својата улога како активен и релевантен партнер на регионалните и европските платформи каде што се креираат енергетските политики.

„Заедно со колегите министри од регионот, претставници на енергетската заедница и водечки експерти во областа на енергетиката, ја зацврстуваме регионалната соработка за постабилна и посигурна енергетска иднина за нашите граѓани“, посочи Божиновска.

Таа нагласи дека преку поврзување, координација и отворен дијалог се создаваат реални решенија и се дефинираат идните чекори за енергетскиот сектор.

Според Божиновска, само со заедничка визија и партнерство може да се обезбеди стабилна, модерна и конкурентна енергетска иднина за целиот регион.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img