домаМакедонијаКоњановски: Битола се позиционира како регионален центар за ветеринарна едукација

Коњановски: Битола се позиционира како регионален центар за ветеринарна едукација

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество, кој се одржа на Ветеринарниот факултет Битола при Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола, во соработка со Ветеринарната комора на Република Македонија.

Коњановски истакна дека семинарот, кој традиционално се одржува четврта година по ред, претставува значаен континуитет во заложбите за стручно усовршување и следење на современите трендови во ветеринарната медицина.

На настанот учествуваа реномирани експерти од универзитети и ветеринарни практичари од државата и регионот, кои преку презентации на актуелни научни достигнувања и практични искуства придонесоа за унапредување на знаењата и вештините на докторите по ветеринарна медицина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img