домаМакедонијаПроданоски: Серафимоски го положи животот за татковината во „Диво Насеље“

Проданоски: Серафимоски го положи животот за татковината во „Диво Насеље“

- Advertisement -spot_img

Со длабока почит денеска беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Ненад Серафимоски, најмладиот припадник на специјалната антитерористичка единица „Тигри“, кој на 9 мај 2015 година го загуби животот во настаните кај „Диво насеље“ во Куманово.

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека Серафимоски со својата жртва се вградил во поновата македонска историја, бранејќи ги безбедноста, мирот и суверенитетот на државата.

Тој нагласи дека на 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, се потсетуваме на вредностите на мирот, слободата и единството, кои низ историјата биле одбранети со големи жртви.

На оддавањето почит присуствуваа членови на семејството на Серафимоски, негови соборци, претставници на институции, политички партии и граѓани.

Проданоски порача дека Ненад Серафимоски останува симбол на храброст, чест и безрезервна љубов кон татковината, истакнувајќи дека неговата жртва и жртвата на сите загинати припадници на безбедносните сили никогаш нема да бидат заборавени

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img