домаМакедонијаКамениот мост ќе добие современо декоративно осветлување, најави Ѓорѓиевски

Камениот мост ќе добие современо декоративно осветлување, најави Ѓорѓиевски

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари пријателска и конструктивна средба со градоначалникот на Општина Есенлер од Република Турција, Мехмед Тевфик Ѓоксу, на која беше потврдена добрата соработка меѓу двете страни во рамки на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, информираат од Град Скопје.

„Со реализацијата на проектот, еден од најзначајните симболи на Скопје ќе добие современо осветлување, усогласено со неговите архитектонски и историски вредности, со цел дополнително да се истакне и заштити културното наследство на градот“.

Од Град Скопје изразуваат благодарност до Општина Есенлер за поддршката и најавуваат продолжување на соработката со турските партнери за реализација на нови проекти од заеднички интерес.

Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи најави дека Камениот мост во срцето на Скопје добива нов сјај.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img