HomeМакедонијаРеформската агенда и напредокот во фокус на средбата помеѓу Димитриеска-Кочоска и Герт...

Реформската агенда и напредокот во фокус на средбата помеѓу Димитриеска-Кочоска и Герт Јан Копман во Брисел

- Advertisement -spot_img

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Брисел оствари средба со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на која беше разговарано за спроведувањето на реформите и напредокот во рамки на Реформската агенда 2024–2027.

На средбата беше потенциран досегашниот напредок во реализацијата на реформите, како и динамиката на идните активности. Министерката истакна дека Министерството за финансии ги вложува сите свои капацитети во исполнувањето на обврските, при што е постигнат значителен напредок, и нагласи дека Владата останува целосно посветена на реформскиот процес.

Министерката на состанокот потенцираше дека во делот на јавните финансии се преземаат активности за зајакнување на отчетноста и транспарентноста, при што реформите се дел од поширока трансформација насочена кон приближување на економијата кон единствениот пазар на Европската Унија, зајакнување на институциите и обезбедување конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите. 

На состанокот беше нагласено дека земјата останува целосно усогласена со Европската Унија на политички, економски и стратешки план.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img