HomeМакедонијаХоџа: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици

Хоџа: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици

- Advertisement -spot_img

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на министерската тркалезна маса на 5-тиот Меѓународен форум за води што се одржува во Истанбул, Република Турција. Во своето обраќање, тој ја нагласи важноста на одржливото управување со водните ресурси, во контекст на актуелната геополитичка состојба и сè поизразената климатска криза.

Хоџа информираше дека Северна Македонија активно ги следи европските стандарди во управувањето со водите, вклучително и имплементацијата на Рамковната директива за води на Европската Унија.

Министерот ја нагласи неопходноста од регионална соработка, посочувајќи дека ниту една држава не може самостојно да одговори на овие предизвици. „Потребни ни се заеднички решенија, засновани на податоци, размена на искуства и координирано делување. Ова не е избор, туку неопходност“, истакна Хоџа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img