Делови од Тетово утре (5 мај 2026) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.
Според најавите, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат објекти во дел од градот во близина на улица 121, позади Бирото за труд.
Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, прекин на електричната енергија ќе има и на улицата „Вонвардарска“, во објекти лоцирани позади фабриката „Тетекс“.
Покрај тоа, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе остане дел од селото Орашје, поточно на влезот во селото.
Исто така, во истиот временски период од 09:00 до 14:00 часот, прекин ќе има и во дел од селото Џепчиште, во близина на млекара.
Надлежните апелираат до граѓаните да ги прилагодат своите активности согласно најавените прекини.








