Најтрофејниот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе забележа нов голем успех на меѓународна сцена, откако победи на ридско-брзинската трка во Котор, една од најатрактивните и најпосетени трки во регионот.
Во паузата меѓу настапите во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC), Стефановски ја прифати поканата од организаторите и уште еднаш ја покажа својата класа – триумфирајќи во конкуренција од 134 учесници на трката.
Натпреварот беше организиран од Автомобилскиот и картинг сојуз на Црна Гора заедно со АМСК Котор и има значајна улога, бидејќи носи бодови за шампионатот на Црна Гора, првенството на Хрватска, како и за Адриатик и Котор куповите, пренесе Гол.мк.








