Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со ерменскиот претседател Вахан Хачатурјан во Ереван, при што беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на билатералните односи и продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Како што соопштија од кабинетот на претседателката, на средбата биле посочени конкретни области за соработка, меѓу кои информатичките технологии, земјоделството, прехранбената и фармацевтската индустрија, туризмот и секторите базирани на иновации.
Средбата се одржа во рамки на Самит на Европската политичка заедница, на кој Ерменија е домаќин, и покрај тоа што не е членка на Европската Унија.








