HomeРегионЕУ со силен финансиски удар за Србија

ЕУ со силен финансиски удар за Србија

- Advertisement -spot_img

Европската унија ја суспендираше финансиската поддршка за Србија во рамките на Планот за раст, поради сериозни забелешки за функционирањето и независноста на судскиот систем.

Одлуката ја соопшти европската комесарка за проширување, Марта Кос, која посочи дека исплатите се замрзнати сè додека не се отстранат проблемите во правосудството.

„Во овој момент, ги суспендиравме сите исплати кон Србија во рамките на планот за развој, бидејќи повторно гледаме тесно грло во судскиот систем. Додека ова не се поправи, земјата нема да може да добие финансиска поддршка од ЕУ“, изјави Кос.

Како клучна причина за оваа одлука се наведуваат контроверзните законски измени донесени на почетокот на 2026 година, со кои, според критичарите, се зголемува влијанието на извршната власт врз судството. Експертите предупредуваат дека ваквите промени можат да ја ослабат независноста на обвинителството и да ги забават постапките за висока корупција и организиран криминал.

Дополнително, Брисел изразува загриженост и за демократските процеси во земјата, вклучително и нерегуларности и инциденти за време на локалните избори, како и притисоци врз медиумите и граѓанското општество. Несогласувањето на Србија со санкциите на ЕУ кон Русија останува уште една точка на разидување.

Кос нагласи дека европското финансирање е строго условено со владеењето на правото, стабилни институции и независно судство, додавајќи дека Унијата не може да си дозволи проширување со земји што не ги почитуваат овие принципи.

Економистите предупредуваат дека евентуалната загуба на европските средства би можела сериозно да влијае врз инфраструктурните проекти и енергетската транзиција на Србија, кои во голема мера зависат од фондовите на ЕУ.

Одлуката ќе остане во сила сè додека Венецијанска комисија не даде конечна оценка, а српските власти не покажат конкретен напредок во реформите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img