HomeМакедонијаПосебен режим на сообраќај на 1 мај во Скопје поради протест

Посебен режим на сообраќај на 1 мај во Скопје поради протест

- Advertisement -spot_img

Утре (01.05.2026) со почеток во 11.00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ бр.4 со движење лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Владата.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, вчера ги повика работниците на протест. Со објаснување дека на првомајски протест не се поканува туку само се доаѓа, Трендафилов најави дека в петок, од улица, уште еднаш работниците ќе ѝ кажат на Владата дека бараат 600 евра минимална плата, ќе укажат на можноста за домино ефект ако се укине колективниот договор во културата, и ќе алармираат за повеќе инспекциски надзори за да не се повторува работници да гинат додека ги извршуваат работните задачи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img