HomeМакедонијаНов бран насилство меѓу малолетници во Скопје: дете со недели малтретирано во...

Нов бран насилство меѓу малолетници во Скопје: дете со недели малтретирано во автобус, напади и во Драчево и Зелениково

- Advertisement -spot_img

Три одделни случаи на насилство и малтретирање врз малолетници биле пријавени вчера во полицијата во Скопје, при што станува збор за физички напади во Драчево и Зелениково, како и за повеќекратно вербално малтретирање во автобус.

Во првиот случај, 40-годишна скопјанка пријавила дека околу 16 часот на подрачјето на Драчево нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

Неколку часа претходно, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син во повеќе наврати, од средината на март па и во текот на овој месец, бил вербално малтретиран додека се возел во автобус од иста група составена од четворица малолетници.

Дополнително, во полиција бил пријавен и случај од Зелениково, каде 48-годишен скопјанец информирал дека неговиот малолетен син бил физички нападнат во саботата околу 18:30 часот, додека бил со свои другари во селото Зелениково. Според пријавата, за нападот е посочено лицето А.Д.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img