HomeТехнологијаFedora се повеќе ја презема улогата на стандардна препорака за Linux од...

Fedora се повеќе ја презема улогата на стандардна препорака за Linux од Ubuntu

- Advertisement -spot_img

Фото: Fedora

Долг период наназад, Ubuntu претставуваше прв избор за корисниците кои сакаат да преминат на оперативен систем со отворен код, но според најновата анализа на порталот XDA-Developers, динамиката во заедницата сериозно се менува. Нивните уредници сметаат дека Fedora постепено се наметнува како новата стандардна препорака за десктоп корисниците. 

Според нивното видување, оваа транзиција не е случајна, туку е директна последица на низа одлуки донесени од Canonical, компанијата која стои зад развојот на Ubuntu.

Во текстот, XDA-Developers како една од клучните причини за незадоволството кај корисниците го посочува инсистирањето на Canonical на нивниот формат за софтверски пакети, познат како Snap. Додека остатокот од екосистемот масовно го прифаќа форматот Flatpak поради неговата отвореност и безбедност, Ubuntu го форсира сопственото решение. 

Авторите на анализата истакнуваат дека пакетите Snap често се критикувани за послаби перформанси, а дополнителен проблем претставува централизираната контрола на продавницата од страна на Canonical, што се коси со основните принципи на кои е навикната заедницата.

Покрај начинот на дистрибуција на софтвер, порталот обрнува внимание и на системските барања. Една од главните предности на овие оперативни системи секогаш била нивната ефикасност, но XDA-Developers забележува дека во обид да понуди решенија за секој можен проблем директно при инсталацијата, Ubuntu станал значително пооптоварен систем.

Според нивната проценка, системот сега вклучува бројни процеси во позадина кои непотребно ги трошат ресурсите, доближувајќи го корисничкото искуство до она на комерцијалните системи.

Од друга страна, анализата ја истакнува Fedora како систем кој нуди многу почист и пофокусиран пристап. XDA-Developers нагласува дека овој оперативен систем нуди најнови верзии на софтверот со високо ниво на стабилност и го задржува изворното искуство на корисничките опкружувања без непотребни модификации. 

Заклучокот на порталот е дека иако Ubuntu и понатаму има огромна корисничка база, но тековните препораки ја рефлектираат желбата на заедницата за систем кој ги почитува отворените стандарди, позиционирајќи ја Fedora како посоодветен избор за модерното десктоп искуство.

На основа на отворениот код од Fedora е направена и се повеќе популарната „гејминг“ дистрибуција, Bazzite.

Целата статија од XDA-Developers можете да ја прочитате тука.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img