HomeМакедонијаШто се смени во Кочани една година по трагедијата?

Што се смени во Кочани една година по трагедијата?

- Advertisement -spot_img

Една година по трагедијата во Кочани. Помина една тешка година од страшниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Како да беше вчера тоа злокобно неделно утро кога Македонија се разбуди со страшната вест за огромната загуба. И по цела една година останува отворено прашањето, што се смени во градот на истокот, но и воопшто во целата држава? 24 беше во Кочани и го прашавме таткото на градот, ќе воскресне ли Кочани?

Меѓутоа, од опозициската советничка група “Доста беше“, нагласуваат дека може и мора да се направи уште многу за овој град и обвинуваат дека неколку проекти отпочнале формално само на хартија, а не и на терен.

И по една година, уште исто боли…ќе речат кочанчани, кои со солзи во очите си ја голтаат кнедлата во грлото, која од кобниот ден сè уште стои да потсетува на генерацијата што истокот ја загуби во само неколку мигови.

Процесот на закрепнување на повредените, пак и понатаму трае и е тежок и бавен, а судските постапки и понатаму се забавуваат. И по една година од трагедијата, семејствата на жртвите сè уште немаат одговори за причините за смртта на нивните најблиски. Тие и понатаму бараат одговори на саботните Маршеви за ангелите, упатуваат остри критики за функционирањето на институциите, но и посочуваат дека трагедијата од кобниот 16 март е сериозен аларм за системските слабости.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img