ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против Р.Р. (62) од Стар Дојран, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според пријавата, како директор на јавно претпријатие во периодот од април 2025 до јануари 2026 година, таа постапувала спротивно на законските прописи и ги пречекорила службените овластувања.
„По склучен договор за електронски систем за наплата на паркинг, пријавената побарала активирање на наплата на три паркинг-зони, меѓу кои и една без потребна согласност од надлежните институции. Со тоа, овозможила противправна имотна корист од околу 240.000 денари, на штета на повеќе граѓани“, соопшти МВР.








