HomeМакедонијаТешка сообраќајка на патот Скопје – Тетово: Се судрија два камиони и...

Тешка сообраќајка на патот Скопје – Тетово: Се судрија два камиони и автомобил на обиколницата во близина на Стајковци

- Advertisement -spot_img

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на обиколницата во Скопје, во близина на Стајковци, каде што биле вклучени два камиони од марките „MAN“ и „Mercedes“ со скопски таблички, како и автомобил „Mitsubishi“ со романски таблички.

На местото на настанот излегле полицијата и екипи на Итната медицинска помош.

Според соопштението на МВР, не се пријавени загинати ниту повредени лица.

Инцидентот привремено предизвикал долги колони, по што сообраќајот на овој дел, конкретно кај јазолот Радишани, бил пренасочен кон локалниот пат Бутел–Љуботен.

Надлежните институции вршат увид за утврдување на причините за инцидентот и апелираат до возачите да бидат внимателни и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img