На Артан Груби, поранешниот вицепремиер и министер, му е продолжен куќниот притвор, со 24 часовно полициско обезбедување.
Обвинителството побарало продолжување на истата мерка за обезбедување на Груби, а Кривичниот суд го прифатила барањето.
Груби на 23. февруари годинава се врати во земјава, после 14 месечно бегство. Поради безбедносни причини, му беше одреден куќен притвор, наместо ефективен. Беше приведен рано наутро на 23. февруари на ГП Блаце.
Поранешниот вицепремиер се товари за кривично дело „проневера во службата“. Тој заедно со екс директорот на Државна лотарија Перпарим Бајрами, нарачале ВЛТ апарати и проневериле 8,2 милиони евра државни пари.
Груби ја напушти Македонија во 2024 година по што за него беше распишана меѓународна потерница.








