HomeМакедонијаСтокер: Австрија и понатаму ќе биде еден од најголемите поддржувачи на вашиот...

Стокер: Австрија и понатаму ќе биде еден од најголемите поддржувачи на вашиот пат кон ЕУ

- Advertisement -spot_img

Вашата земја беше пример за целиот регион долго време и не сакаме овој напредок да се изгуби. Австрија и понатаму ќе биде еден од најголемите поддржувачи на вашиот пат кон ЕУ. Патот кон ЕУ е вистинскиот пат, оној што води кон трајна стабилност и просперитет, порача денеска австрискиот канцелар, Кристијан Стокер на заедничката прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна Стокер, пристапувањето мора да биде крајната цел на процесот и истите правила мора да важат за сите кандидати – без брзи и скратени патеки. Геополитичките влијанија и неизвесноста, рече, имаа големо влијание, поради што е многу важно да не се изгуби од вид Западен Балкан, особено сега.

-Проширувањето на ЕУ е најсилниот и најефикасниот инструмент за мир, безбедност и просперитет. Шесте држави од Западен Балкан се парчињата што недостасуваат во европскиот мозаик. Тука не станува збор само за алтруизам и личен интерес, туку и за проширување на европската безбедносна мрежа во нашето непосредно соседство. За да го унапредиме успешниот проект за проширување на ЕУ, сите треба да ги исполниме потребните задачи. Решението нема да дојде однадвор, ниту од Брисел, ниту од Виена. Време е да ги оставиме зад себе различните гледишта и да преземеме геополитичка одговорност за доброто на нашата заедничка Европа. Овие дискусии не се одвиваат во вакуум. Агресијата на Русија врз Украина драматично го промени геополитичкиот пејсаж. Оваа ситуација остави влијание и врз Западниот Балкан. Затоа, најдбро ќе биде црвсто да се закотват Северна Макоднија и целиот регион во нашето семејство – ЕУ. Сега е моментот да размислуваме и да делуваме стратешки, не само за Северна Македонија, туку за целиот регион. Регионот не може да дозволи да го пропушти овој геополитички момент, нагласи австрискиот канцелар.

Тој информира дека на средбата со Мицкоски станало збор и за економската соработка.

-Нашите две земји се тесно поврзани, имаат извонредни билатерални односи на политичко, економско и културно ниво, а дополнително се зајакнати од одлично интергираната македонска дијаспора која брои 27.000 луѓе кои го збогатуваат културниот живот во Австрија. Важно е нашето парттнерство да го прошириме со нашата визија за европската иднина што е од заеднички интерес. Тоа истото важи и за економската сфера. Горд сум што Австрија е најголемиот странски инвестирот со вкупно 1,3 милијарди евра инвестиции. И ние имаме полза од вашиот раст, парнетрството е од заеднички интерес. Над 50 австриски компании се присутни во С. Македонија и вработуваат повеќе од 9.000 луѓе, главно во енергетиката, упрваувањето со отпад, банкарство, трговија, градежништво,…, напомена австриксиот канцеларт.

Стокер потенцира дека централната компонента на средбата бил токму економсккот дијалог. Потсети и дека земјава, заедно со другите држави од регионот лани се приклучи кон СЕПА и воспостави поефикасни системи за гранична контрола.

-Високи претставници на бизнисот од двете земји ќе имаат директни разговори, а нашата задача како шефови на влади е да отвориме врати низ кои ќе поминат компаниите, подвлече Стокер кој оцени и дека С. Македонија е високо ценет партнер во ограничувањето на нелегалната миграција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img