Млада жена од скопско била жртва на вистински хорор од страна на експартнерот.
– На 21.04.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од скопско пријави дека на 17.04.2026 во Дебар, каде што престојувала со сегашен вонбрачен партнер, откако излегла од угостителски објект на сила била внесена во патничко возило од поранешниот нејзин партнер И.В., кое го управувало друго лице, по што отишле во куќа на роднина на И.В. во скопско село, информираа од МВР.
Според пријавеното, таму со сила била држена до 20.04.2026, а поранешниот партнер извршил обљуба врз неа и физички ја малтретирал. На 20.04.2026 околу 19:30 часот таа успеала да побегне и случајот го пријавила.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата и по целосно документирање против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.








