Предлогот за укинување на пржинската влада е доставен во Собранието. Ќе биде со одложено дејство што значи дека ќе важи по наредните парламентарни избори. Од Владата сметаат дека постојниот модел создава дополнителни политички и административни компликации додека со новото решение се очекува поголема стабилност и континуитет во работењето на институциите.
СДСМ со реакција– спремаат избори и шверцерски сакаат да ја укинат техничката влада.
„Секој обид за укинување на техничката влада е директен напад врз демократијата и слободните избори и ние ќе се спротивставиме“ велат социјал-демократите.








