Ако сте лекар и сонувате за живот на медитерански остров, вашата шанса пристигна, но со голема доза на очај од страна на грчките власти! Соочени со критичен недостиг на медицински кадар кој го загрозува животот на островите, Грција започна „агресивна“ кампања за привлекување персонал, нудејќи услови какви што ретко се гледаат во Европа.
Општините на грчките острови, потпомогнати од Министерството за здравство, ги отворија кесите. Новите вработени не добиваат само плата – за нив се обезбедени бесплатно сместување, покриени трошоци за храна, платени сметки за комуналии и патни трошоци. На елитните дестинации како Миконос и Иос, лекарите добиваат готови станови, додека на островот Порос се делат дополнителни месечни бонуси само за да се пополнат празните амбуланти.
За ситуацијата да биде уште поневеројатна, во игра влезе и приватниот сектор. Фондацијата „Стелиос Хаџиојану“ објави дека ќе исплаќа по 1.500 евра дополнително секој месец на 80 лекари кои ќе прифатат работа на 47 различни острови. Овој неверојатен стимул е загарантиран за следните седум години, што е јасен сигнал колку е алармантна состојбата со здравството во Грција.
Целта на овој „медицински Елдорадо“ е да се спречи колапсот на здравствениот систем. Властите не сакаат лекари само за туристите, туку стабилна грижа за локалното население во текот на целата година. Додека островите како Милос и Оинусес нудат целосни работни пакети, прашањето останува: Дали парите и морето се доволни за да се пополни празнината во белите мантили?








