Ако во последно време Instagram ви ги претворал фотографиите во боја во црно-бели, не грижете се – не станува збор за проблем со вашата камера или профил, туку за самата социјална мрежа.
Апликацијата во сопственост на Meta соопшти дека проблемот бил предизвикан од баг кој особено влијаел на HDR фотографиите.
„Технички проблем предизвика некои HDR фотографии погрешно да се прикажуваат како црно-бели кај одреден број корисници“, соопштија од Instagram.

Сепак, имало поплаки и на 18 и 19 април, што значи дека проблемот очигледно траел нешто подолго.
Без разлика кога багот почнал да предизвикува проблеми, тимот на Instagram соопшти дека сега дефинитивно е отстранет. Сепак, ако вашите објави и понатаму се прикажуваат во црно-бела варијанта, тие автоматски ќе бидат вратени во првобитната состојба во наредните часови.
Konekt.mk








