HomeМакедонијаИнтензивиран дијалогот со Европската комисија: Реформите во фокусот на средбата меѓу Минчев...

Интензивиран дијалогот со Европската комисија: Реформите во фокусот на средбата меѓу Минчев и Суперти

- Advertisement -spot_img

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Будва имаше билатерална средба со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европска комисија, Валентина Суперти.

Средбата претставуваше континуитет на разговорите што претходно се одржаа во Брисел, при што соговорниците разменија мислења за натамошно унапредување на реформите во јавната администрација и динамиката на нивната имплементација.

Министерот Минчев ја потенцираше стратешката определба на министерството и Владата за изградба на ефикасна, транспарентна и професионална јавна администрација, целосно усогласена со европските стандарди и вредности.

Суперти го поздрави остварениот напредок, нагласувајќи дека Европската комисија и понатаму ќе остане доследен партнер во поддршката на реформските процеси и европската интеграција на Македонија.

„Средбата во Будва ја реафирмираше заедничката заложба за продлабочување на партнерството и унапредување на соработката, во насока на ефикасна реализација на реформите и остварување на стратешката цел, односно полноправно членство на Македонија во Европската унија“, соопшти Министерството.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img