HomeМакедонијаАгенцијата за национална безбедност ги вработила најдобрите дипломирани студенти

Агенцијата за национална безбедност ги вработила најдобрите дипломирани студенти

- Advertisement -spot_img

Агенцијата за национална безбедност ги вработила најдобрите дипломирани студенти од Факултетот за безбедност, информираат оттаму.

Ова претставува конкретен и значаен исчекор што ја потврдува суштинската поврзаност помеѓу образовниот систем и безбедносните институции. Предизвиците на современиот безбедносен систем не се нешто што може да се совлада само преку теоретско знаење, туку тие претставуваат динамична реалност што бара подготвени, одговорни и високо мотивирани професионалци, вели директорот на АНБ Бојан Христовски.

Лани Факултетот за безбедност и АНБ потпишаа Меморандум за соработка за организирање и спроведување на научно-истражувачки, фундаментални и применети проекти, анализи и евалуации од областа на безбедноста, поврзани со примена на најнови научно фундирани истражувања од страна на Факултетот кои може да се применат при спроведување на обука на припадниците на Агенцијата, како и усовршување на кадри, размена на искуства, знаења и едукација.

Согласно Меморандумот, соработката се одвива во повеќе области меѓу кои организирање на настани од интерес на двете институции, изработка на правна регулатива од областа на безбедноста, практична настава на студентите од Факултетот во Агенцијата, стипендирање и доделување на школарини за стручно усовршување на припадници на Агенцијата, како и профилирање на кадар од редовите на студентите за потребите на Агенцијата.

Од АНБ велат дека ќе продолжат да ја унапредуваат праксата да се поддржуваат и препознаваат квалитетните кадри кои ќе дипломираат на Факултетот за безбендост за силен, кредибилен и професионален безбедносен систем.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img