HomeТехнологијаGoogle Chrome го олеснува управувањето со различни табови во AI Mode

Google Chrome го олеснува управувањето со различни табови во AI Mode

- Advertisement -spot_img
Нов AI интерфејс со паралелен приказ во Chrome овозможува попаметно пребарување, подобар контекст и помалку префрлување меѓу табови

Google продолжува со интеграцијата на вештачката интелигенција во своите производи, најавувајќи нови подобрувања во Google Chrome кои значително го олеснуваат користењето на табови преку AI Mode.

Со најновото ажурирање, корисниците добиваат нов side-by-side интерфејс, кој овозможува паралелно прегледување на веб-страници и интеракција со AI четботот. Ова значи дека при отворање на линк, AI Mode автоматски ја задржува контекстуалната информација од пребарувањето, овозможувајќи попрецизни и поинтуитивни одговори.

На пример, при пребарување на производ – како апарат за кафе – корисниците можат да отворат конкретен модел и веднаш да поставуваат дополнителни прашања без потреба повторно да го внесуваат неговото име. Благодарение на проширениот контекст, AI асистентот веќе „знае“ на што се однесува разговорот.

Дополнително, новите функции овозможуваат вклучување на веќе отворени табови или групи на табови во нови пребарувања, интеграција на различни формати како слики и PDF документи во рамки на AI Mode и Намалување на потребата од постојано префрлување меѓу табови

Од Google велат дека тестирањата покажале значително подобрено корисничко искуство, со поголем фокус и ефикасност при работа. Според Мајк Торес, потпретседател за производ во Chrome, овие новини се дел од пошироката стратегија на компанијата за внесување практични AI решенија во секојдневното користење на интернетот.

Новите функционалности засега се достапни за корисниците во САД, а во наредниот период се очекува нивно глобално проширување.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img