HomeМакедонија„Ги соочив Ивана и Саздов, ми рекоа дека сум параноичен“: Стојанче одговара...

„Ги соочив Ивана и Саздов, ми рекоа дека сум параноичен“: Стојанче одговара на прашања од неговиот адвокат

- Advertisement -spot_img

Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела меѓу кои и наведување на самоубиство на сопругата Ивана Јовановска, на денешното рочиште одговараше на прашањата од неговиот адвокат Давор Ангеловски.

Тој кажа дека на почетокот, односите со сопругата Ивана биле нормални, живееле во изнајмен стан, а потоа, во 2021 година неговата мајка Цветанка дала пари за учество за да си купат стан.

„Односите ни беа нормални сѐ до 2022 година, кога јас отидов во мобилара во Аеродром да ѝ го земам телефонот на сопругата, при што прочитав пораки и видов видеа од колегата од работа Благоја Андуревски. Ја прашав за што се работи, таа негираше. Ја повикав нејзината мајка Љубица, со намера дека мајка ѝ ќе ја насочи дека Ивана погрешила. Но кога таа дојде, односот не беше како што претпоставував дека ќе биде. По 5 минути откако Љубица пристигна, на вратата заѕвони полиција. Јас им ја објаснив ситуацијата, полицајците направија записник и си заминаа. Ивана ме молеше да не се разведуваме поради детето и јас ја послушав“, рече Стојанче со треперлив глас.

Адвокатот потоа го праша што се случило три години подоцна, односно на почетокот на 2025 година.

„Инстаграм профилите ни беа заеднички логирани. Прочитав комуникација помеѓу неа и колегата Мартин Саздов. Разговорите на почеток беа на другарска база, но постепено преминуваа во поприватни разговори. Јас ги соочив Мартин и Ивана да ми објаснат за што се работи. Тие негираа и ми рекоа дека сум параноичен. На 16 август 2025 година бевме на свадба кај моја братучетка во Штип. Мојата сопруга се опијани, беше видно пијана и при враќањето од Штип. Јас видов дека се допишува со Мартин на вибер, па застанав за да прочитам што разговараат. Ивана му кажуваше „се враќам со овој, а Катја спие позади“. Мартин пиша дека и тој во моментот се враќа од Штип. Јас ја соочив, таа почна да негира и ја отвори совозачката врата од колата, со намера да не можам да ѝ го земам телефонот за да ги прочитам разговорите. Реков: “Штом Мартин се враќа накај Скопје, значи ти сакаш со него да продолжиш“. Таа ми рече штом така мислиш, сега ќе ја земам и Катја со мене. Ја отвори задната врата каде што Катја спиеше“, кажа Стојанче, па почна да плаче.

Тој вели дека Ивана со Катја тргнала по спротивната насока на автопатот.

Вината за самоубиството на жената индирекно му ја препиша на Мартин Саздов. Вели дека тој ја удирал во автомобилот и еднаш ја онесвестил, а таа се откажала од полициската пријава бидејќи се плашела од заканите на Саздов.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img