Цел арсенал оружје пронајдени во дом на 66-годишник од Кичево.
– На 16.04.2026 во 16:15 часот, во село Горно Душогубица, кичевско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишија од слобода Г.С. (66) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик, информираа до полциијата.
По извршен претрес во неговиот дом и помошните простории во селото, со наредба од Основен суд Кичево, биле пронајдени и одземени ловечки карабин „Маузер“ калибар 7,9 мм, ловечка пушка „Застава“ М75 калибар 12 мм, пиштол „Застава“ М57 калибар 7,62 мм со празна рамка, 23 ловечки патрони, 18 куршуми за пиштол калибар 7,62 мм, 10 куршуми за карабин 9 мм, како и други предмети.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








