HomeМакедонијаСо чисти и уредени зелени површини ќе се дочекаат првите туристи

Со чисти и уредени зелени површини ќе се дочекаат првите туристи

- Advertisement -spot_img

Локалните власти велат дека презеле низа мерки за подобрување на изгледот на јавните зелени површини. Паркот во централното градско подрачје е искосен, пристапот до старата црква „Свети Илија” е уреден, а се коси и тревата покрај регионалниот пат што ги поврзува Стар и Нов Дојран – наведуваат од Општина Дојран. Надлежните истакнуваат дека подготовките за почетокот на туристичката сезона започнале уште кон крајот на минатата година. Тогаш била спроведена акција за чистење на брегот на езерото за да се овозможи понатамошно уредување и унапредување на просторот.

Дојран се подготвува за пречекот на првите посетители и туристи, кои ќе пристигнат во текот на празничниот велигденски викенд.

Локалните власти велат дека презеле низа мерки за подобрување на изгледот на јавните зелени површини.

– Паркот во централното градско подрачје е искосен, пристапот до старата црква „Свети Илија“ е уреден, а се коси и тревата покрај регионалниот пат што ги поврзува Стар и Нов Дојран – наведуваат од Општина Дојран.

Надлежните истакнуваат дека подготовките за почетокот на туристичката сезона започнале уште кон крајот на минатата година. Тогаш била спроведена акција за чистење на брегот на езерото за да се овозможи понатамошно уредување и унапредување на просторот.

– Тековно се работеше на подобрување на сите зелени површини во централното подрачје на Дојран, пешачката патека покрај езерскиот брег, градскиот парк, а, исто така, беа уредени и просторите околу верските објекти во Стар Дојран, манастирот „Света Марија Магдалена“ и црквата „Свети Илија“ – истакнаа од Општина Дојран.

Сопствениците на сместувачки објекти се оптимисти и се надеваат дека ќе има зголемен интерес за престој на туристи во овој период од годината.

– Веќе ги нудиме нашите апартмани за издавање, бидејќи имаме најави дека за Велигден ќе пристигнат заинтересирани гости што сакаат да ги поминат тука овие слободни денови, од петок до недела. Го избираат Дојран поради неговата мирна атмосфера, прекрасната природа и, пред сè, чистиот воздух – вели сопственик на сместувачки капацитет од Стар Дојран.

Од Општината информираат дека за спроведување на сите активности за уредување на зеленилото е заслужно комуналното претпријатие „Полин“. Во проектот учествувале и осуденици од затворите во Гевгелија и во Струмица, кои извршувале општокорисна работа, согласно со склучениот меморандум за соработка меѓу Општина Дојран и двете казнено-поправни установи.

Во координација со Доброволното противпожарно друштво од Дојран, предвидено е и миење на патеката на шеталиштето и на скалите што водат кон црквата „Свети Илија“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img