HomeМакедонијаСведочење на таткото на починатиот управител на „МММ кафе“ за трагичниот пожар...

Сведочење на таткото на починатиот управител на „МММ кафе“ за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“

- Advertisement -spot_img

На денешното рочиште во затворот „Идризово“ се отвори уште едно судење за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Пред судот сведочеше Наско Карадаковски, таткото на починатиот Александар, кој со потресни детали ја прикажа судбината на својот син во последните недели од животот.

Според неговите зборови, Александар бил назначен за управител на фирмата „МММ кафе“ без да има желба за тоа и без да биде осигуран за здравствен ризик. „Бев изненаден и го прашав дали знае што значи да си управител. Ми рече – не, тоа го прават Деко и Михајло. Ми кажа дека Деко го замолил, зашто немал кого да стави, а да не му пропадне лиценцата“, сведочеше таткото, алудирајќи на вмешаноста на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко.

Наско Карадаковски појасни дека Александар никогаш не работел во самиот клуб „Пулс“. Наместо тоа, тој бил редовен работник во кафулето „Класик“ во центарот на Кочани, а во дискотеката бил повикан само за краткотрајна помош при градежни и реновирачки активности непосредно пред трагичниот пожар.

Одбраната на обвинетите остро реагираше на сведочењето, тврдејќи дека исказот е контрадикторен и дека прашањата за личниот однос меѓу таткото и синот не придонесуваат кон расветлување на случајот, туку само ја одолговлекуваат судската постапка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img