HomeМакедонија„Илинден“ – Тирана потпиша Меморандум за соработка со „ВАРДАР-МКД“ од Подгорица

„Илинден“ – Тирана потпиша Меморандум за соработка со „ВАРДАР-МКД“ од Подгорица

- Advertisement -spot_img

Македонското друштво „Илинден“ – Тирана и Здружението „ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора, потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на врските и заедничка промоција на македонските национални малцинства во регионот.


Меморандумот беше потпишан во Тирана, каде што друштвото „Илинден“ беше претставувано од претседателот Никола Ѓурѓај, додека здружението „ВАРДАР-МКД“ од Подгорица го претставуваше потпретседателот и адвокат Никола Ангеловски.


Со овој договор, двете организации ја потврдуваат својата определба за унапредување на соработката и заедничко дејствување на национално и меѓународно ниво, особено во делот на заштита и промоција на правата и идентитетот на Македонците во Албанија и Црна Гора.


Претставниците на двете здруженија изразија подготвеност за развивање на партнерства преку конкретни проекти и активности, со цел реализација на заедничките цели и зајакнување на културните и општествените врски.


Во рамки на соработката, планирани се активности поврзани со истражувања, културни манифестации и проекти насочени кон развој и афирмација на македонската заедница. Посебен акцент ќе биде ставен и на поддршка на научни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни иницијативи.


Овој чекор се оценува како значаен придонес во градењето на регионална мрежа на македонски организации, со заедничка цел – зачувување на идентитетот и унапредување на положбата на Македонците надвор од матичната држава.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img