ЈП Комунална хигиена Скопје започна со машинско миење на булеварите во главниот град, како дел од редовните активности за одржување на јавната хигиена.
Од претпријатието информираат дека акцијата се спроведува со специјални возила и опрема, со цел поефикасно отстранување на нечистотиите од коловозите и подобрување на целокупната чистота во градот.
Миењето се реализира на главните сообраќајници, а активностите ќе продолжат и во наредниот период согласно утврдениот план.
Од ЈП Комунална хигиена апелираат до граѓаните и учесниците во сообраќајот да имаат разбирање за тековните активности и да придонесат за одржување на почиста урбана средина.








