домаХроникаМајка ја нападнала малолетната ќерка во Гостивар: МВР поднесе кривична против поранешни...

Мајка ја нападнала малолетната ќерка во Гостивар: МВР поднесе кривична против поранешни сопружници

- Advertisement -spot_img

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против двајца 39-годишни поранешни сопружници од Гостивар, поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 9 март 2026 година во семејната куќа.

„На 09.03.2026 во семејната куќа во Гостивар, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените“, се наведува во соопштението на МВР.

- Advertisement -

Во текот на настанот, според полицијата, била нападната и малолетната ќерка.

„Мајката физички ја нападнала нивната малолетна ќерка, која сакала да го извести дедото за случувањата во домот“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против двајцата е поднесена соодветна кривична пријава, а надлежните институции ќе го утврдуваат понатамошниот тек на постапката.

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img