Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 28 март 2026 година околу 12:30 часот, на крстосницата од улиците „Зеф Љуш Марку“ и „Фан Ноли“.
„Се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ‘опел астра’ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.И.(55) од Штип и детски тротинет, управуван од малолетничка од Скопје“, соопштија од МВР.
Во незгодата, тешки телесни повреди добила малолетна сопатничка, која исто така се превезувала на тротинетот.
„Со тешки телесни повреди се здобила нејзината малолетна сопатничка, констатирани во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски’“, информираат од полицијата.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Скопје, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.








